jubilej


Најнови вести

(22.04.2017)
тоцка ИЗБЕРЕТЕ МАТИЧЕН ЛЕКАР КАЈ НАС

(22.02.2017)
тоцка СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА- ДО 30% ПОПУСТ НА ТЕСТОВИ ЗА АЛЕРГИИ

(21.02.2017)
тоцкаОД АКТИВНОСТИТЕ НА НАШИОТ МД КЛУБ

(09.01.2017)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ

(09.01.2017)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

(13.08.2016)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на БИОХЕМИЧАР

(11.07.2016)
тоцкаКонкурс  за  упатување  на  специјализација

(07.05.2016)
тоцкаОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ:ДОКТОР- СПЕЦИЈАЛИСТ  ИНТЕРНИСТ и ДОКТОР- СПЕЦИЈАЛИСТ  по МЕДИЦИНА на ТРУДОТ

(07.04.2015)
тоцкаОдбележан Нашиот 5 Годишен Јубилеј

(16.02.2015)
тоцкаОД АКТИВНОСТИТЕ НА НАШИОТ МД КЛУБ

(11.11.2014)
тоцкаПРОМЕНЕТО  СЕДИШТЕТО  НА  НАШАТА  ПОЛИКЛИНИКА

(06.06.2014)
тоцкаУСПЕШЕН НАСТАП НА 5 тиот КАРДИОЛОШКИ КОНГРЕС

(08.05.2014)
тоцкаОд  ДЕНЕС во ФУНКЦИЈА НАЈНОВА АВТОМАТИЗИРАНА АЛЕРГОЛОШКА  и  БИОХЕМИСКА  АПАРАТУРА

(22.04.2014)
тоцкаПРЕГЛЕДИ  НА  РАБОТНИЦИ  КОИ  РАБОТАТ  СО  ИЗВОРИ  НА  ЈОНИЗИРАЧКО  ЗРАЧЕЊЕ

(09.04.2014)
тоцкаСловачкиот Амбасадор во посета на нашата Поликлиника

(12.12.2013)
тоцкаMD CLUB -  ПРЕДАВАЊЕ ОД ПЕРСОНАЛОТ ВО БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА

(22.11.2013)
тоцкаПочна со работа нашиот MD - CLUB

(12.11.2013)
тоцкаДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА

(27.10.2013)
тоцкаДРУЖЕЊЕТО - ИМПЕРАТИВ ЗА НАШИОТ УСПЕХ

(15.04.2013)
тоцкаОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА ВОЗАЧИ


(12.10.2012)
тоцка ОД 12.10.2012 ЌЕ ИМ СЛУЖИМЕ И НА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО КУРАТИЦА


 

 

Click for Ohrid , Macedonia Forecast

Често Поставувани Прашања (за да го добиете одговорот кликнете на прашањето)  Ss Hs

Што да превземам доколку:

Имам висок крвен притисок; Што треба да направам?

1. Потребно е да направите лабораториско испитување на крвта со предходно 14 часовно гладување пред да ви биде земена крв за анализа.(дозволено е само пиење вода)
2. Потребно е да направите лабораториско испитување на крвта со предходно 14 часовно гладување пред да ви биде земена крв за анализа.(дозволено е само пиење вода)
3. Потребно е да направите ЕКГ преглед
4. Потребно е да направите ехо преглед на срцето
5. Потребно е да направите 24 часовен Холтер за крвен притисок.

 
 
Имам неправилна работа на срцето (забрзана работа - тахикардија,
прескокнување, срцебиење ).
Што треба да направам?

1. Потребно е да направите ЕКГ преглед
2. Потребно е да направите лабораториско испитување на крвта со предходно 14 часовно гладување пред да ви биде земена крв за анализа.(дозволено е само пиење вода)
3. Потребно е да направите ехо преглед на срцето
4. Потребно е да направите 24 часовен ЕКГ Холтер
5. Во дадени случаи потребно е и да ја испитате штитната жлезда

Имам болки во нозете (стегливи болки во мускулите на нозете). Што треба да направам?
1. Потребно е да направите лабораториско испитување на крвта со предходно 14 часовно гладување пред да ви биде земена крв за анализа.(дозволено е само пиење вода)
2. Потребно е да направите Доплер проценка на индексот нога - рака (АБИ индеџ)
3. Потребно е да направите “ПЕРИФЕРЕН артериски” СТРЕС ТЕСТ
4. Потребно е да направите Колор Доплер Ултрасонографија на артериите и на вените на нозете.
Имам чести главоболки и вртоглавици. Што треба да направам?
Главоболките и вртоглавиците неподразбираат секогаш по автоматизам сериозно заболување. Но во случај на нивна зачестена појава потребно е да се направи КОЛОР ДОПЛЕР УЛТРАСОНОГРАФСКО СКЕНИРАЊЕ НА ЦИРКУЛАЦИЈАТА - КРВНИТЕ САДОВИ (артериите) НА ГЛАВАТА (ТРАНСКРАНИЈАЛЕН КОЛОР ДОПЛЕР НА МОЗОЧНИ АРТЕРИИ)
 

ЗА СТРЕС ТЕСТОТ (КОРОНАРЕН ЕКГ СТРЕС ТЕСТ)

 

Што е СТРЕС ТЕСТ и зошто служи ?
Секое дејствие кое предизвикува надмерна умствена или физичка реакција со која излегуваме од релативна состојба на мирување на телото и организмот се нарекува стрес.

При секој стрес се лачат хормони чија цел е да го припремат организмот на промените кои му се налагаат, при што доаѓа до напнување на скелетната мускулатура, забрзување на работата на срцето, фрекфенцијата на дишењето, се провоцира потење и согорување (трошење) на енергетските залихи на организмот. Тоа претставува физиолошки нормален процес.

Во таков случај се зголемува потребата на срцето (како мускулест орган) за проток на крв. Протокот на крвта се одвива низ артерии кои го обвиваат срцето. Доколку некоја од тие артерии е стеснета тоа се покажува на ЕКГрамот кој се снима за цело време при изведбата на стрес тестот. Значи целта на стресс тестот е навреме да се откие присуство на стеснети или запушени (затнати) артерии на срцето поради чие неневремено откривање може да предизвика срцев инфаркт.
Што претставува и како се изведува стрес тестот?
Стрес тестот всушност претставува брзо одење по подвижна лента, а се изведува на тест лента која постепено автоматски се забрзува. Испитаникот се движи ритмично по тест лентата пратејќи ја нејзината брзина.
Дали кај постари луѓе може да се изведе стрес тест?
ДА, може.
Староста е физиолошки процес и сама по себе не претставува контраиндикација за стрес тест.
Дали треба да се плашам од стест тестот?
Не треба!
Тестирањето е безбедна дијагностичка процедура.
Тестирањето е секогаш надгледувано од страна на искусен кардиолошки тим доктор и сестра кои грижливо ја следат целата процедура.
Дали стрес тестот е безболна метода?
ДА, стрес тестот е сосема безболна дијагностичка методa
Дали е потребна посебна припрема пред стрес тестот?
Тестот може да се направи и без посебна предходна припрема но сепак пожелно е да се запазат следниве мерки:
-12 часа пред тестот да не се пијат кофеински производи (кафе, к. кола, и сл.)
-Да не се пушат цигари
-Утрото пред тестот да не се примаат следниве лекарства: Атенолол, Блоксан, Биол, Карведилол.
-Пожелно е да бидете добро наспани и одморени пред тестот.
-Пред тестот да не се нанесуваат на градите лосиони или кремови
-Пожелно е да се избричат влакнести гради
-Се советува комфортна облека и обувки.(по можност
тренерки).
Колку време трае дијагностичката процедура при стрес тестот?
Во зависност од полот и возраста на пациентот оптоварувањето просечно трае помеѓу 7 до 10 минути, додека целата процедура вклучително припремата околу 20 тина минути .
Што се подразбира под НЕГАТИВЕН стрес тест?
Во медицината се што е НЕГАТИВНО значи дека нема знаци за заболување,конкретно негативен стрес тест значи дека нема заболување на артериите на срцето.

ЗА ЕХОКАРДИОГРАФИЈАТА (ехо на срцето)

Што е ехокардиографијата?
Ехокардиографијата претставува најпрецизно снимање на срцето - на неговата обвивката, срцевите прегради, комори и преткомори, залистоците, аортата и белодробната артерија и протокот на крвта низ нив.
Дали ехокардиографијата е безболна метода?
ДА.
Ехокардиографијата е сосема безболно дијагностичко испитување.
Дали при ехокардиографското снимање се употребува зрачење?
НЕ.
Ехокардиографијата се изведува со помош на сонда која емитира ултразвучни бранови кои воопшто не се штетни за здравјето на човекот.
Ехокардиографијата по потреба може повеќекратно да се применува кај ист пациент.
Дали е потребна посебна припрема пред ехокардиографскиот преглед?
НЕ, Не е потребно. Прегледот може да се изведе било кога во текот на денот без предходна припрема на пациентот.

ХОЛТЕР ЗА КРВЕН ПРИТИСОК
(ABPM: ambulatory blood pressure monitoring)

Што претставува и како изгледа дијагностичката метода Холтер за Крвен притисок ?
Холтер за Крвен притисок е безболна дијагностичка процедура т.е. 24 часовно снимање на крвниот притисок.
Начин на снимање: се поставува апаратче (снимач) на појас околу струкот кое со цревце е поврзано со манжетна со која како и при вообичаено мерење на притисок се обвиткува левата надлактица. По поставувањето на снимачот пациентот си заминува дома при што надворешно не е воопшто забележливо дека кај пациентот се изведува некаква дијагностичка процедура.
Со која цел се прави Холтерот за притисок?
Целта на Холтерот за притисок е да се регистрираат периодите на патолошки покачен или патолошки намален крвен притисок да се одлучи дали треба да се препише терапија и доколку треба да се препише - какви лекарства да се препишат.
Ова апаратче кое не е потешко од 200 грама и кое ќе го носите околу вашиот појас во текот на едно деноноќие, мерејќи го притисокот во еднакви интервали ќе ни даде значајни податоци за вашиот пулс и крвен притисок во различните периоди на денот и тоа: за време на работа, прошетки, одмарање, спиење, така што доколку има потреба ќе ни помогне да ја избереме и препишиме најдобрата терапија за Вас.

КОЛОР ДОПЛЕР УЛТРАСОНОГРАФИЈА НА ПЕРИФЕРНИ КРВНИ САДОВИ - артерии и вени

Што претставува Доплер снимањето на крвните садови?
Колор Доплер Ултрасонографијата (накратко ДОПЛЕР) претставува безболно ултразвучно снимање на артериите и вените при што се регистрираат промените во внатрешноста на артериите и вените т.е. се дијагностицираат стеснувања, запушувања и тромбози.
Кои крвни садови можат да се снимаат со Доплер?
Со Доплер можат да се снимаат следниве крвни садови:
  • артериите во мозокот(главата)
  • артериите на вратот(главните артерии кои носат крв во мозокот)
  • артериите на рацете и нозете
  • бубрежните артерии
  • стомачните артерии
  • вените на нозете и рацете
Дали при Доплерското снимање има рентген зрачење?
НЕ, при Доплерското снимање НЕМА рентген зрачење.
Дали е потребна посебна припрема пред Доплерскиот преглед?
НЕ, Не е потребно. Прегледот може да се изведе било кога во текот на денот без предходна припрема на пациентот.
Што претставува ТРАНСКРАНИЈАЛНИОТ ДОПЛЕР?
Транскранијалниот Доплер или Транскранијалната Колор Доплер Васкуларна Ултрасонографија е ултразвучно снимање на мозочните крвни садови. Испитувањето е неинвазивно - безболно, нема зрачење и може по потреба повеќе пати да се повторува кај ист пациент.

Оваа дијагностичка метода е прецизна метода со која се откриваат стеснувања, запушувања и аневризми на мозочните артерии кои се најчести причини за настанување на мозочен удар.

Наведеното испитување е задолжителен основен дијагностички преглед за сите тие кои:

-прележале мозочен удар

-имаат висок крвен притисок

-имаат ангина пекторис

-прележале срцев инфаркт.

-имаат болест на артериите на нозете

-имаат чести главоболки и вртоглавици

-имаат покачени маснотии (холестерол,триглицериди)во крвта

-имаат покачен шеќер во крвтa