jubilej


Најнови вести

(22.04.2017)
тоцка ИЗБЕРЕТЕ МАТИЧЕН ЛЕКАР КАЈ НАС

(22.02.2017)
тоцка СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА- ДО 30% ПОПУСТ НА ТЕСТОВИ ЗА АЛЕРГИИ

(21.02.2017)
тоцкаОД АКТИВНОСТИТЕ НА НАШИОТ МД КЛУБ

(09.01.2017)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ

(09.01.2017)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

(13.08.2016)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на БИОХЕМИЧАР

(11.07.2016)
тоцкаКонкурс  за  упатување  на  специјализација

(07.05.2016)
тоцкаОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ:ДОКТОР- СПЕЦИЈАЛИСТ  ИНТЕРНИСТ и ДОКТОР- СПЕЦИЈАЛИСТ  по МЕДИЦИНА на ТРУДОТ

(07.04.2015)
тоцкаОдбележан Нашиот 5 Годишен Јубилеј

(16.02.2015)
тоцкаОД АКТИВНОСТИТЕ НА НАШИОТ МД КЛУБ

(11.11.2014)
тоцкаПРОМЕНЕТО  СЕДИШТЕТО  НА  НАШАТА  ПОЛИКЛИНИКА

(06.06.2014)
тоцкаУСПЕШЕН НАСТАП НА 5 тиот КАРДИОЛОШКИ КОНГРЕС

(08.05.2014)
тоцкаОд  ДЕНЕС во ФУНКЦИЈА НАЈНОВА АВТОМАТИЗИРАНА АЛЕРГОЛОШКА  и  БИОХЕМИСКА  АПАРАТУРА

(22.04.2014)
тоцкаПРЕГЛЕДИ  НА  РАБОТНИЦИ  КОИ  РАБОТАТ  СО  ИЗВОРИ  НА  ЈОНИЗИРАЧКО  ЗРАЧЕЊЕ

(09.04.2014)
тоцкаСловачкиот Амбасадор во посета на нашата Поликлиника

(12.12.2013)
тоцкаMD CLUB -  ПРЕДАВАЊЕ ОД ПЕРСОНАЛОТ ВО БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА

(22.11.2013)
тоцкаПочна со работа нашиот MD - CLUB

(12.11.2013)
тоцкаДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА

(27.10.2013)
тоцкаДРУЖЕЊЕТО - ИМПЕРАТИВ ЗА НАШИОТ УСПЕХ

(15.04.2013)
тоцкаОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА ВОЗАЧИ


(12.10.2012)
тоцка ОД 12.10.2012 ЌЕ ИМ СЛУЖИМЕ И НА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО КУРАТИЦА


 

 

Click for Ohrid , Macedonia Forecast

Услуги

СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ

Нашата поликлиника е единствена пзу во овој регион ОВЛАСТЕНА  ЗА  ВРШЕЊЕ на сите видови СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ и издавање уверенија за истите.
Систематските прегледи  ги вршиме според најновиот Правилник кој е објавен во Служб.весник на РМ во декември 2010 год.
За било какви информации Ве молиме да ни се обартие по што ќе добиете подетални информации и објаснување за потребните прегледи.

 

Информација за работодавачите


Ве потсетуваме дека со обавувањето на прегледите не само што ќе ја исполните Вашата законска обврска како работодавач, туку и ќе профитирате во очите на Вашите вработени како работодавец кој се грижи за нивното здавје, истотака ќе профитирате од превентивен аспект избегнувајќи несакани боледувања на Вашите вработени кои би Ви го компромитирале Вашиот работен процес и бизнис.

Систематскиот преглед се состои од следниве елементи : 
 

а) Анамнестички податоци
б) Физикален преглед - Статус по системи, антропометрија - одредување на БМИ (индекс на телесна маса)
в) Лабораториски анализи : Испитување на крв: СЕ, КС(Ер, Хгб, Хтц, Ле), гликемија, холестерол, триглицериди и испитување на урина
г) Испитување на функција на видот - очен преглед - (острина на видот за близина и далечина)
д) Испитување на слухот со Аудиометрија
ѓ) Испитување на функцијата на белите дробови - дишењето - со Спирометрија
е) Испитување на срцето со ЕКГ (12 одводи)
ж) Радиофотографија на граден кош - по одлука на лекарот

Горенаведениве елементи (прегледи) го сочинуваат Основниот пакет на прегледи, т.н. стандарден минимум ( Сл.весник на РМ.бр.171/2010) кој е законски утврден и задолжителен за сите видови професии и видови работни места

Значајно е да се напомене дека за одреден вид на професии како на пример работа на висина, градежни работници, работници кои се изложени на вибрации, работници кои работаат со пластични маси, испарливи и други штетни хемиски агенси, професии каде што има зголемена експозиција на стрес, бучава и други штетни влијанија покрај горенаведените прегледи од основниот пакет докторот е овластен и може да одреди и дополнителни здравствени прегледи. Поради тоа и по правило а врз основа на утврдениот ризик на работното место работодавачот е законски должен да изготви ИЗЈАВА за БЕЗБЕДНОСТ ( Сл.весник на РМ.бр.171/2010).
ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ е документ(елаборат) кој е законски задолжителен за секој работодавач без разлика каква дејност обавува. ИЗЈАВАТА за БЕДЗБЕДНОСТ се составува врз основа на законски утврдена постапка врз основа на која се утврдуваат карактеристиките на работните места (според систематизацијата на работните места), се дефинираат евентуални професиолани штетности и опасности на работните места а согласно наведеното се одредуваат и елементите на прегледот.
Во пракса најчесто се среќаваме со случаи каде работодавачите не се доволно запознаени со законската обврска за составување на ИЗЈАВАТА за БЕЗБЕДНОСТ така да отпосле и откако истата ќе им биде побарана од страна на надлежните државни органи (трудовата инспекција) не консултираат за дополнителни услуги и прегледи пропишани во одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа.

Наша практична сугестија:

Доколку сеуште не поседувате документ (елаборат) ИЗЈАВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ тогаш имате можност кај Вашите вработени да ги извршите здравствените прегледи со елементи на преглед кој се содржат воОсновниот пакет - стандарден минимум (Сл.весник на РМ.бр.171/2010) кој е законски утврден и задолжителен за сите видови професии и видови работни места, додека пак доколку понатаму после изготвувањето на Изјавата за безбедност се утврди од наша страна дека се потребни и други елементи на прегледот истите ќе треба дополнително да се извршат кај Ваши вработени кај кои според ИЗЈАВАТА ќе се констатираат индикации во смисол на дополнителни, проширени или специфични пакети на прегледи.

 

Понуда за вршење работи од областа на безбедност и здравје при работа  

Почитувани,

 Согласно одредбите од Законот за безбедност и здравје при работа (“Сл. весник на РМ“, бр.92/2007) работодавачот е должен да ја организира, уредува и обезбедува безбедноста и здравјето при работа во својатаконкретна работна средина.

Притоа работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за своите вработени од секој аспект поврзан со работата, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства. Без разлика на својата претежна дејност, работодавачот согласно чл.17 од Законот, мора да обезбеди мерки за безбедност и здравје при работа :

  • да назначи едно или повеќе стручни лица за безбедност (свои или надворешни) ;
  • да изработи проценка на ризик и изјава за безбедност на работните места*;
  • да врши прегледи и испитување на работната средина и опрема (машини и уреди)
  • да извршиобука на сите вработени за безбедно извршување на работата врз основа на сопствена програма – согласно чл.31 од Законот; 
  •  да врши обука на претставници на работници за безбедност и здравје при работа доколку има над 10 вработени;           
  • да донесе безбедносни мерки против пожар во согласност со посебни прописи и мерки за прва помош и евакуација во случај на опасност (План за заштита од пожари, евакуација и спасување, на секое работно место и во работни простории во кои истовремено работаат до 20 вработени, план за гасење на пожар, евакуација и спасување, а над овој број на секои 20 вработени најмалку уште еден – согласно член 24 од Законот) ;
  • најмалку по еден на секои 20 вработени мора да биде оспособен и одреден за давање на прва помош. Обуката за прва помош** се врши од страна на Овластена здравствена установа за вршење работи согласно Закон за безбедност и здравје при работа.
  • да обезбеди опрема за лична заштита за вработените и нејзината употреба, доколку превземените безбедносни мерки во работната средина не се доволни;
  • да врши испитување на микроклима во летен и зимски период, осветление, бучава, заземјување - согласно чл.33 од Законот ;

 Да ја следи здравствената состојба на вработените

 Со реализација на горенаведените мерки за безбедност и здравје при работа, работодавецот обезбедува :

  • Намалување на ризикот за повреда на своите вработени;
  • Намалување на трошоците за евентуални оштети и болнички лекувања
  • Намалување на трошоците за ангажирање на работник кој доаѓа како замена на местото на повредениот;
  • Зголемување на довербата на вработените;
  • При евентуална несреќа на работа, одговорноста на раководителот / работодавачот се намалува согласно на степенот на применети мерки за безбедност и здравје при работа.       

 КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ

 Прекршочните одредби заради неспроведување на законските обврски се поделени во три категории, со глоби од:

 I категорија: 1.000 евра за правното лице и 300 евра во денарска противвредност на одговорното лице кај правното лице.

 II категорија: 2.000 евра за правното лице и 500 евра во денарска противвредност на одговорното лице кај правното лице.

 III категорија:  од 5.000  до  8.000 евра  за  правното  лице и од  500  до  1.000 евра во денарска противвредност на одговорното лице кај правното лице.

КВАЛИТЕТ :

Горенаведените активности ќе бидат реализирани од страна на стручна овластена компетентна комисија, составена од три члена – дипл. инженери – професори : (со уверение за положен испит за стручно лице за безбедност при работа). Во изготвувањето на изјавата за безбедност учествува и Овластена здравствена установа за вршење работи согласно Законот за безбедност и здравје при работа(*), Обуката за прва помош ја врши истотака Овластена здравствена установа за вршење работи согласно Законот за безбедност и здравје при работа(**) .

 Почитувани,

 Ви понудуваме изведување на следниве за Вас законски задолжителни активности:

 1. Изработка на проценка на ризик и изјава за безбедност на работните места; 

2. Испитување на орудија за работа (машини и уреди); 

3. Обука на вработените за безбедност и здравје при работа зависно од систематизацијата на работните места врз основа на посебно подготвена програма; 

4. Испитување на работните услови – мерење на микроклима (температура, релативна влажност и струење на воздухот) 

5. Испитување на физички штетности – мерење на осветление, бучава,  

6. Мерење на заштитно заземјување; 

7. Мерење на громобранско заземјување; 

8. Учество во изготвување на изјава за безбедност на работни места со одредување на потребни здравствени прегледи за конкретни работни места (тип на раб.места) според систематизација, од страна на овластена здравствена установа - доктор спец.по медицина на труд,       

9. Обука за прва помош  (од страна на овластена здравствена установа)

       

Напомена: Услугите под реден број 8. и 9. Ви ги нудиме ГРАТИС  доколку склучите договор за здравствени прегледи на Вашите вработени со нашата здравствена установа 

 

назад....