jubilej


Најнови вести

(22.04.2017)
тоцка ИЗБЕРЕТЕ МАТИЧЕН ЛЕКАР КАЈ НАС

(22.02.2017)
тоцка СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА- ДО 30% ПОПУСТ НА ТЕСТОВИ ЗА АЛЕРГИИ

(21.02.2017)
тоцкаОД АКТИВНОСТИТЕ НА НАШИОТ МД КЛУБ

(09.01.2017)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ

(09.01.2017)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА

(13.08.2016)
тоцка ОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ на БИОХЕМИЧАР

(11.07.2016)
тоцкаКонкурс  за  упатување  на  специјализација

(07.05.2016)
тоцкаОГЛАС за ВРАБОТУВАЊЕ:ДОКТОР- СПЕЦИЈАЛИСТ  ИНТЕРНИСТ и ДОКТОР- СПЕЦИЈАЛИСТ  по МЕДИЦИНА на ТРУДОТ

(07.04.2015)
тоцкаОдбележан Нашиот 5 Годишен Јубилеј

(16.02.2015)
тоцкаОД АКТИВНОСТИТЕ НА НАШИОТ МД КЛУБ

(11.11.2014)
тоцкаПРОМЕНЕТО  СЕДИШТЕТО  НА  НАШАТА  ПОЛИКЛИНИКА

(06.06.2014)
тоцкаУСПЕШЕН НАСТАП НА 5 тиот КАРДИОЛОШКИ КОНГРЕС

(08.05.2014)
тоцкаОд  ДЕНЕС во ФУНКЦИЈА НАЈНОВА АВТОМАТИЗИРАНА АЛЕРГОЛОШКА  и  БИОХЕМИСКА  АПАРАТУРА

(22.04.2014)
тоцкаПРЕГЛЕДИ  НА  РАБОТНИЦИ  КОИ  РАБОТАТ  СО  ИЗВОРИ  НА  ЈОНИЗИРАЧКО  ЗРАЧЕЊЕ

(09.04.2014)
тоцкаСловачкиот Амбасадор во посета на нашата Поликлиника

(12.12.2013)
тоцкаMD CLUB -  ПРЕДАВАЊЕ ОД ПЕРСОНАЛОТ ВО БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА

(22.11.2013)
тоцкаПочна со работа нашиот MD - CLUB

(12.11.2013)
тоцкаДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ФИЛАНТРОПИЈА

(27.10.2013)
тоцкаДРУЖЕЊЕТО - ИМПЕРАТИВ ЗА НАШИОТ УСПЕХ

(15.04.2013)
тоцкаОБУКА ЗА ПРВА ПОМОШ ЗА ВОЗАЧИ


(12.10.2012)
тоцка ОД 12.10.2012 ЌЕ ИМ СЛУЖИМЕ И НА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО КУРАТИЦА


 

 

Click for Ohrid , Macedonia Forecast

За нас

Не постои поголемо задоволство од чувството дека некому сте му помогнале. Уште поголемо задоволство од чувството дека тоа сте го сториле на високостручен и целосно професионален начин, на начин на кој се темели медицината, медицина во која покрај денес достапните технолошки можности скоро и да  нема место за импровизација, медицина заснована на докази. Иницијативата да формираме здравствена установа беше многу скромна. Сепак желбата да се работи медицина со атрибути како горенаведениве не мотивираа да основаме мала но модерна ПОЛИКЛИНИКА каде на едно место во нашиот Охрид ќе имаме можност да даваме високостручни и квалитетни здравствени услуги  од  областа на примарната и секундарната здравствена заштита. т.е. дијагностика и амбулантско- поликлинички третман на заболувањата на внатрешните органи, срцето и крвните садови, заболувањата на штитната жлезда, додека во склоп на примарната здравствена заштита за првпат во Охрид во нашата поликлиника ќе функционира првата приватна специјалистичка ординација по медицината на трудот која ќе нуди високостручна превентива во контекст на систематски менаџерски и други професионални прегледи. Дневно болничкиот парентерален, третман,  лекувањето на пациенти во домашн услови и биохемиската лабораторија ќе бидат истотака дел од нашата палета на здравствени услуги. Во нашата поликлиника ќе функционира ЦЕНТАРОТ ЗА ВАСКУЛАРНИ заболувања (АНГИОЛОГИЈА) како специјалистички и субспецијалистички референтен центар во Охрид за ПЕРИФЕРНИ АРТЕРИСКИ и ВЕНСКИ заболувања во кој ќе се изведува најпрецизна неинвазивна дијагностика и конзервативен третман на болестите на крвните садови. Воедно за прв пат во Македонија и во Охрид ќе се изведува АНГИОДИНОГРАФИЈА НА МОЗОЧНИТЕ КРВНИ САДОВИ (ТРАНСКРАНИЈАЛЕН ВАСКУЛАРЕН КОЛОРДОПЛЕР) . На тие што ќе ни се доверат ќе им понудиме модерна форма на здравствени услуги која веќе одамна се применува во развиените земји а во смисол на здравствено посредување со кое ќе ги убрзаме долгите и непотребни процедури на чекање било да се работи за дијагностика или лекување од повисок ранг во Клиничките здравствени установи, со закажување, спроведување а во случај на болничко лекување на наш пациент и грижа и посетување од страна на нашиот стручен персонал. Наша идејна определба ќе биде да ги прошириме нашите дејности и капацитети сразмерно на нашите можности и побарувањето на населението за одредени здравствени услуги. Во контекст на врвната медицинска практика планираме да понудиме консултантски здравствени услуги од страна на наши како и странски реномирани кадри и клиники од областа на ангиологијата, кардиологијата, пулмо-алергологијата, ендокринологијата , спортската медицина како и други медицински гранки. Континуираната Медицинска Едукација и работењето по теркот на evidence based medicine - МЕДИЦИНА ЗАСНОВАНА НА ДОКАЗИ ќе бидат столбовите на нашата поликлиника, извор на нашиот квалитет и параметри според  кои ќе не препознаваат во нашиот Охрид и пошироко.

Oд обраќањето на Д-р Светослав Маџаров пред многубројните присутни при свеченото отворање на Поликлиниката во Охрид на ден 07.04.2010 год.

 

назад...